Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски денеска иницираше вонредна седница на Совет на општина Куманово на која предлага да се донесе одлука за финансиска помош на збратимениот град Нови Сад, поради настанатата несреќа, како и финансиска помош на семејството на загинатиот македонски граѓанин. Republika
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски денеска иницирал вонредна седница на Совет на Општина Куманово со предлог да се донесе одлука за финансиска помош на збратимениот град Нови Сад по несреќата на железничката станица, како и финансиска помош на семејството на загинатиот македонски граѓанин.
Градоначалникот на Општина Куманово во име на граѓаните на Куманово упатува сочувство до семејствата на жртвите, граѓаните на Нови Сад и Република Србија, соопшти Општина Куманово. Nezavisen
Владата ќе му помогне на семејството на загинатиот Васко Саздовски, кој настрада вчера во Нови Сад, а помош најави и Општина Куманово.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека Владата ќе му помогне на семејството на Саздовски, кој вчера загина во трагичната несреќа во Нови Сад при уривањето на бетонската натстрешница на тамошната железничка станица. Faktor