Во писменото соопштение испратено од партијата на Ахмети, оттаму не го коментираат повикот на „Вреди“ партисиот лидер да депонира писмена гаранција дека ќе се повлече од политиката доколку изгуби на евентуалните предвремени парламентарни избори.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска им порача на ДУИ да се подготват за одговорност, а за избори кога ќе дојде време ќе се подготвуваме.
„Уште една потврда дека коцкарските бизниси имаат сериозно влијание врз политиките на ДУИ.
Ние сме подготвени, како што побаравте од говорницата на Собранието, граѓаните да го кажат својот збор за сите овие прашања и да утврдат по една и пол година од вашата влада ЗА кој пат се!, напиша претседателот на ДУИ, Али Ахмети на неговиот фејсбук профил како одговор на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски за заеднички парламентарни и локални избори во октомври 2025 година.