Претседателката Гордана Сиљановска Давкова свика конститутивна седница на Советот за безбедност, што ќе се одржи денеска во 15 часот.
„Членови на Советот за безбедност се претседателот на Собранието, Африм Гаши, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни, работи Панче Тошковски, министерот за одбрана, Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов“, соопшти Кабинетот на претседателката.