Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за денеска со почеток во 15:00 часот во Вила Водно закажа конститутивна седница на Советот за безбедност, соопшти кабинетот на шефот на државата. Biznisvesti
На седницата, покрај членовите на Советот на безбедност, на покана на претседателката Сиљановска Давкова ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски стои во соопштението од кабинетот на претседателката.
Последната конститутивна седница на Советот за безбедност се одржа во Мај. Telma