Состојбата во земјата е стабилна и нема индиции за загрозеност на границите, интегритетот и суверенитетот на државата, констатирано е на денешната конститутивна седница на Советот за безбедност што се одржа во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Nezavisen
Во Кабинетот на претседателката на државата денеска се одржа конститутивната седница на Советот за безбедност. Plusinfo
Начинот на работа на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, начинот на остварување на правата и исполнувањето на должностите на членовите на Советот, свикување и одржување на седниците, спроведувањето на заземените ставови, поведените иницијативи и дадените мислења и предлози, информирањето за својата работа, како и други прашања во врска со организирањето и начинот на работа на Советот, се определени со Деловник за работа на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.
Седниците на Советот се затворени. Biznisvesti
На седницата, покрај членовите на Советот на безбедност, на покана на претседателката Сиљановска Давкова ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, стои во соопштението од кабинетот на претседателката.
Последната конститутивна седница на Советот за безбедност се одржа во мај. Telma