Од денеска започнува со работа ново национално координативно тело, за прв пат формирано во мандатот на една Влада, кое ќе има задача да работи на подигнување на девастираниот високообразовен систем и да обезбеди понатаму одржливост на квалитетот, како и да ги подобро вложувањата во науката и условите за научно истражувачка работа во државата.
Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска по одржувањето на конститутивната седница на Националното координативно тело за реформи во високото образование, науката, истражувањето и развојот, како иницијатива од програмата за работа на новата Влада. Mk