Netpress
Сесијата, модерирана од г-ѓа Даниела Филип, ќе биде отворена со изјава на г-дин Матео Ривелини, Раководител на Одделот за Западен Балкан и Турција во Европската инвестициска банка (ЕИБ). Заедно со регионални лидери и експерти, Министерката за Енергетика, Рударство и Минерални суровини ќе дискутира за колективните одговорности на политичките и економските сектори за обезбедување стабилна, одржлива и просперитетна иднина за Европа.
Покрај Божиновска, на панелот ќе учествуваат: – Александар Влаховиќ, Претседател на Српската асоцијација на економисти и член на УО на Виенскиот Економски Форум; – д-р Сабине Херличка, Извршен Директор на “Инфинеон Технологии Австрија АГ“; – д-р Гинтер Рабенштајнер, Управен Партнер на “eHydro500“ и Почесен Претседател на Виенскиот Економски Форум; – Г-дин Сезгин Билгич, Генерален Секретар на Фондацијата “Мармара Груп“, Турција; – Г-ѓа Наталија Бејан, Генерален Директор на агенцијата “Инвест“ Молдавија; – Г-дин Никола Вујовиќ, Потпретседател на Стопанската Комора на Црна Гора. Netpress