Итно решавање на сите отворени процеси во кои врз новинари се применува насилство.
Итно решавање на сите отворени процеси во кои врз новинари се применува насилство, реформи во регулативата за слеп тужбите и сериозен одговор од МВР и ОЈО на вербалното насилство што се случува сѐ почесто преку онлајн платформите се барањата на Здружението на новинарите на Македонија по повод Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите – 2 ноември. Kanal5
Исто така, интересен е и податокот дека на прашањето дали по нападот добиле некаква поддршка од државните институции само 14 проценти одговориле позитивно.
Овој податок ни укажува дека постои уште многу празен простор за дополнителна работа и соработка помеѓу соодветните државни институции и новинарските организации со цел подобрување и на комуникацијата и на одговорите и адресирањето на нападите врз новинарите“, За важноста на овој ден говореше новинарката Маја Јовановска, која потсети на бројката на евидентирани злосторства на новинарите во Македонија и светот. 360stepeni
„Новинарите треба да претставуваат чувари на демократијата и вашето значење во рамки на едно демократско општество не треба да е спорно за никого затоа што кога имаме соодветен степен на слобода на говор, кога имаме истражувачко новинарство, кога имаме сигурни и безбедни новинари, кога имаме забрана за цензура во рамки на едно општество, така може да се надеваме дека ќе се качиме на скалилата кои што би требало да не доведат до едно нормално демократско општество.
Секаков тип на закана физичка и вербална, особено кога е насочена кон новинари треба да има сериозен опфат во рамки на работењето на Министерството за внатрешни работи и во рамки на работењето на другите истражни органи во Македонија“, Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски директно се обрати на новинарката Мирослава Симоновска, која е последен регистриран случај на ЗНМ за закана, велејќи дека Јавното обвинителство активно работи на разрешување на случајот. Libertas
Од почетокот на судирот во Газа лани во октомври животот го загубиле 146 медиумски работници.
Во Северна Македонија, како и во многу други земји, овој ден е можност да се алармира дека неказнивоста на насилствата продуцира нови напади и ги охрабрува насилниците, а кај новинарите и медиумските работници предизвикува страв дека ќе бидат мета на закани, цензура и автоцензура“, Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата врз новинарите , 2-ри ноември, е признаен од страна на Обединетите нации. 360stepeni