Избришан од Централен регистер на Македонија, бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ со седиште во Битола приреди провокација во пресрет на денот на ослободувањето на градот и токму затоа доставив поднесок до Основното јавно обвинителство, изјави за државната МИА, Весна Бендевска, потпретседател на македонското Собрание. Libertas
Избришан од Централен регистер на Македонија, бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ со седиште во Битола приреди провокација во пресрет на денот на ослободувањето на градот и токму затоа доставив поднесок до Основното јавно обвинителство, изјави за МИА, Весна Бендевска, потпретседател на македонското Собрание.
Се обратив до Основното јавно обвинителство во Битола за да прашам дали државните институции можат да најдат начин на кој ќе го забранат дејствувањето на здружението на граѓани со фашистичко име. Kanal5
Иако Здружението „Ванчо Михајлов“ година и половина е избришано од Централниот регистар, на објектот на улицата Рузвелтова натписот го нема, но, се уште се вее бугарското знаме и не запираат активностите, кои членовите ги споделуваат на социјалните мрежи.
Во очи Денот на ослободувањето на Битола на нивната ФБ страница беше објавено видео во кое се презентира третото издание на „Македонска крвава свадба“ претставена како бугарското културно наследство. Telma