Во Глазгов, Шкотска – Обединетото Кралство од денеска до четврток се одржува Генералното собрание на ИНТЕРПОЛ, на кое македонската делегација ја предводи директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, соопштија од МВР. Novamakedonija
Денеска (04.11.2024), во Глазгов, Шкотска – Обединетото Кралство започна четиридневното Генерално Собрание на ИНТЕРПОЛ кое ќе трае до 07.11.2024 година, на кое македонската делегација ја предводи Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.
Генералното Собрание беше отворено од страна на Премиерот на Обединетото Кралство, Кер Стармер. Republika
Бразилскиот полициски претставник Валдеси Уркиза ќе биде следниот шеф на Интерпол, објави во вторникот глобалната полициска организација.
Уркиза беше избран за генерален секретар со гласање на генералното собрание на Интерпол на состанокот во Глазгов, Шкотска и ќе ја преземе функцијата кога собирот ќе заврши во четврток. Mk