Сосема е нормално нешто што е договорено ние да го прифатиме, со оглед на тоа што беше донесен специјален закон во парламентот, а дадени се и големи пари за „Бехтел и Енка“, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Влеговме во финансиска обврска и сметавме дека е подобро да се преиспитаме дали може проектот да го ставиме на брза лента, да не плаќаме пенали, да се ангажира „Бехтел и Енка“ со целокупната нивна машинерија за да се заврши овој проект и видливи се резултати во последните три месеци, додаде Трајановски за изненадувачкото прифаќање на ВМРО-ДПМНЕ на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатите од коридорите 8 и 10-д, откако претходно од опозиција беа жестоки критичари на договорот и на начинот на кој тој беше потпишан. Fokus