Ефикасниот правосуден систем има клучна улога во владеењето на правото, заедно со квалитетот и независноста на судството, изјави министерот за правда, Игор Филков, на отворањето на 15-тата сесија на Националната конвенција на Европската унија во Република Северна Македонија. Nezavisen
Нагласи дека министерството целосно ја поддржува работата на платформата за реформи во правосудството и активно учествува во креирањето на препораки за унапредување на состојбите во судството и јавното обвинителство.
Темата на 15. Сесија на Работната група 3 , Правосудство и темелни права е „Пристап до правдата: Подигнување на ефикасноста на судските постапки и квалитетот на судската правда“ од која ќе произлезат повеќе работни обврски за подобрување на состојбите. Netpress
Министерот подвлече дека должината на судските постапки е главен аспект на ефикасноста и дека долготрајноста на постапките останува еден од најголемите проблеми во правосудството, кој генерира повреди на човековите права.
Тој нагласи дека министерството целосно ја поддржува работата на платформата за реформи во правосудството и активно учествува во креирањето на препораки за унапредување на состојбите во судството и јавното обвинителство. Nezavisen