Ефикасниот правосуден систем има клучна улога во владеењето на правото, заедно со квалитетот и независноста на судството, изјави министерот за правда, Игор Филков, на отворањето на 15-тата сесија на Националната конвенција на Европската унија во Република Северна Македонија. Nezavisen
Ефикасниот правосуден систем не е само еден од главните предуслови за создавањето на поволна инвестициска и бизнис-ориентирана средина, туку и клучна претпоставка за борба против криминалот и корупцијата, и гаранција за основните човекови слободи и права, рече министерот за правда Игор Филков на отворањето на 15-тата сесија на Националната конвенција на ЕУ во РСМ. Republika
Тој нагласи дека министерството целосно ја поддржува работата на платформата за реформи во правосудството и активно учествува во креирањето на препораки за унапредување на состојбите во судството и јавното обвинителство.
Темата на 15. Сесија на Работната група 3 , Правосудство и темелни права е „Пристап до правдата: Подигнување на ефикасноста на судските постапки и квалитетот на судската правда“ од која ќе произлезат повеќе работни обврски за подобрување на состојбите. Kanal5
Па, така, наместо судовите да ги штитат човековите права, тие ги повредуваат, што е констатирано со многуте одлуки на Европскиот суд за човекови права против нашата држава, каде што најчестите повреди се констатирани токму за правото на правично судење во разумен рок во согласност со членот 6 од Европската конвенција за човекови права и основни слободи“, посочи Филков.
Осврнувајќи се на извештајот за напредокот на Република Северна Македонија, министерот Филков рече дека постојат разни начини за решавање на идентификуваните проблеми по однос на ефикасноста, како: реформирање или изменување на процесното законодавство, воспоставување рокови и временски рамки за одредени активности или фази на судските постапки, измена на судската мрежа и надлежност на судовите, создавање електронски постапки за одредени видови случаи. Skopjeinfo
Министерот подвлече дека должината на судските постапки е главен аспект на ефикасноста и дека долготрајноста на постапките останува еден од најголемите проблеми во правосудството, кој генерира повреди на човековите права.
Тој нагласи дека министерството целосно ја поддржува работата на платформата за реформи во правосудството и активно учествува во креирањето на препораки за унапредување на состојбите во судството и јавното обвинителство. Press24