Вработените во образованието овој месец ќе ја земат октомвриската плата повисока за 5%, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Да, од овој месец треба платата во основното и во средното образование да биде повисока за 5%. Во април 2025 година, практично со мартовската плата, ќе има зголемување за дополнителни 7%. Во април 2026 година, од 7 ипол до 10 %, во зависност од кондицијата на буџетот – рече Мицкоски.