„На маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта остварив продуктивна средба со Францускиот претседател, Emmanuel Macron“, информираше на социјалната мрежа ФБ премиерот Христијан Мицкоски.
„Отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија. Press24
На маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта остварив продуктивна средба со францускиот претседател, Емануел Макрон. Kanal5
Главна тема на разговорот беше одблокирањето на патот на Македонија кон Европската Унија, со фокус на соработката и можностите за унапредување на евроинтегративниот процес на земјата.
Премиерот Мицкоски, по средбата со Макрон, рече дека нивниот разговор бил отворен и конструктивен, при што се разговарало за значењето на интеграцијата на Македонија во ЕУ и можностите за надминување на пречките кои го забавуваат овој процес. Faktor
На официјалната страница на францускиот претседател нема информација за оваа средба на маргините (што не е невообичаено), но го има текстот на заедничката декларација за поддршка на Молдавија.
Во декларацијата се вели: „Ние, лидерите на Франција, Германија, Италија, Полска, Романија, Обединетото Кралство, придружувани од претседателот на Европскиот совет и од претседателката на Европската комисија, ја повторуваме нашата непоколеблива поддршка за Молдавија по состанокот на маргините на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта со претседателката Маја Санду. Nezavisen