Јас немам што да додадам на ова што претходните говорници го кажаа, само би сакал да кажам дека секогаш кога нешто ќе се сработи ново коешто ќе го подобри квалитетот на живот на граѓаните за мене претставува посебна радост, бидејќи тоа е нашата инспирација да уште повеќе работиме, уште посилно работиме и уште повеќе да испорачуваме за граѓаните бидејќи тоа го очекуваат од нас, рече на денешната прес-конференција претседателот на владата, Христијан Мицкоски. ака што уште еднаш им честитам на сите, на потпретседателот на Владата и министер за транспорт, директорот на ЈПДП, градоначалникот, пратениците во македонското Собрание, советниците, администрацијата во Општина Велес, на велешани, на сето ова коешто за кратко време е направено во Велес, на тоа што ќе се направи. Netpress