Гледаме како СДСМ кој изгубен по катастрофалниот пораз на парламентарните избори во мај годинава, се наоѓа во слободен пад кон амбисот… СДСМ со својот денешен памфлет до јавноста, во кој го напаѓаат министерот за јавна администрација, Горан Минчев и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, потврдуваат дека не разбираат што е држава, државна политика и градење стратегии во интерес на државата и доброто на граѓаните и се таму каде што им е местото, во опозиција, велат од ЗНАМ.
Од движењето сакаат да ја подучат СДСМ дека „Стратегијата за реформа на јавната администрација и Акцискиот план, не се сопственост на ниту една политичка партија, туку се усогласени со потребите на државата и приоритетите за напредок на Република Македонија на патот кон Европската Унија“. Press24
Нивните самобендисани политики доведоа Македонците да се чувствуваат како гости во сопствената држава и граѓани од втор ред.
СДСМ заедно со ДУИ го злоупотребија балансерот до максимум и ја доведоа јавната админситрација во незавидна положба во која има луѓе, но нема квалитетни кадри, за што се изјасни и Европската комисија. Kanal5
Движење ЗНАМ – За наша Македонија, го потсетува СДСМ дека во изминатите години безгласна буква беше токму тој во владата во која премиерот беше од неговите редови, а всушност владееше ДУИ“ се вели во соопштението и се додава: „СДСМ не беше способно да спроведе ниту една политика, ниту една одлука што не му се допаѓаше на ДУИ.
Владеењето на СДСМ ја донесе Македонија на колена, понижена и без достоинство. Press24
Гледаме како СДСМ кој изгубен по катастрофалниот пораз на парламентарните избори во мај годинава, се наоѓа во слободен пад кон амбисот… СДСМ со својот денешен памфлет до јавноста, во кој го напаѓаат министерот за јавна администрација, Горан Минчев и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, потврдуваат дека не разбираат што е држава, државна политика и градење стратегии во интерес на државата и доброто на граѓаните и се таму каде што им е местото, во опозиција, велат од ЗНАМ. A1on