Од ноќеска на полноќ, дел од горивата ќе се продаваат по нови, повисоки цени.
Вака одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.11.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,00 ден/лит. Netpress
Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за половина денар, а за денар ипол поскапува Екстра лесното масло за домаќинство.
Според одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 76 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 78 денари за литар. Telma
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит. Republika
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1794%.
Од 12.11.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 43,844 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Kajgana
Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продава по цена од 69,5 денари за литар, а Мазутот по цена од 43,844 денари за килограм.
Новите зголемени цени на горивата, според РКЕ, се должат на зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во однос на претходната пресметка. Libertas