Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски се обрати на Панелот за „Правно советување за современи теми Одлуки на Уставниот суд vis – a – vis одлуки од редовното судство” на Годишната меѓународна конференција со која се одбележаа 73 години од основањето на Правниот факултет „Јустинијан Први”- Скопје.
Во своето обраќање Костадиновски го постави прашањето за надлежноста на Уставниот суд на Република Северна Македонија наспроти неприкосновеноста на судските одлуки од редовните судови, односно, дали може Уставниот суд да поништува пресуди на редовните судови, со оглед на дилемите што ги предизвикува оваа надлежност на Судот и различната уставно-судска пракса. Mk
Земајќи ги предвид надлежностите на Уставниот суд кои се утврдени со Уставот, а операционализирани со Актот на Судот, претседателот Костадиновски смета дека излез од овој правен лавиринт обременет со дилеми и недоречености во легислативата, може да се бара преку зајакнување на уставно-судската контрола.
„Законодавецот мора да води грижа за правното дејство на одлуките на Уставниот суд, односно да обезбеди на уставно-судска контрола и на уставно-судска санкција да подлежат сите акти на државната, јавната власт, на еднаков начин, со што би се обезбедило и еднакво правно дејство на одлуките на Уставниот суд. Fokus
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски се обрати на Панелот за „Правно советување за современи теми Одлуки на Уставниот суд vis – a – vis одлуки од редовното судство” на Годишната меѓународна конференција со која се одбележаа 73 години од основањето на Правниот факултет „Јустинијан Први”- Скопје. Fokus
Претседателот Костадиновски смета дека потребно е уредување на неколку процесни закони, понатаму судските одлуки од редовните судови да подлежат на уставна-контрола и следствено на тоа-санкционирање односно поништување на пресудите, кога станува збор за барање за заштита на слободите и правата поднесено пред Уставниот суд.
Изрекувањето на санкција–поништување на пресудите, не е во спротивност или противречност на уставното начело за независност на судската власт, ниту на законските определби од Законот за судовите во однос на надлежностите, правните карактеристики и ефектите на судски пресуди, смета Костадиновски. Mk