И очекуваме сите заедно да работиме, да помогнеме за појака економија, за појака држава, ние за тоа се бориме“, На прашањето, дали постојат механизми банките да бидат казнети на некој начин бидејќи не сакаат да работат во интерес на граѓаните, имајќи предвид дека парите од унгарскиот кредит е планирано да бидат потрошени на проекти во интерес на граѓаните, Мицкоски посочи дека не би навлегувал толку длабоко во тоа прашање.
„Да помине состанокот в недела, па би коментирал дополнително“, Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за „360 степени“ вчера откри дека една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија. 360stepeni
Премиерот Христијан Мицкоски денеска не сакаше да открие која е банката што прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија. Libertas
Само една од комерцијалните банки во земјава изразила подготвеност да субвенционира дел од каматата за кредитите за бизнисот од унгарскиот заем. Kanal5