Собранието денеска треба да ја започне 19. седница на која на дневен ред се триесетина точки, меѓу кои избор на двајца членови на Државната изборна комисија, верификација на мандат на пратеник, избор на членови за собраниски тела и други органи, неколку закони по скратена постапка, во прво и во второ читање.
На седницата треба да бидат донесени одлуки за именување претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции, на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надвор во втор степен, на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на Комисијата за заштита на конкуренцијата и на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации. Kanal5