Неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ под водство на Христијан Мицкоски продолжува да ги поткопува економските можности за граѓаните и да нанесува сериозна штета на економијата, велат од СДСМ.
Додека граѓаните се борат со високите цени и како да врзат крај со крај, премиерот Мицкоски си игра мајтап со народот и ја потценува неговата интелигенција.
Владата веќе работи да се изградат когеративни централи за затоплување на неколку локации, со цел да се намали аерозагадувањето во Скопје, но и во другите градови во земјава, откри денеска премиерот Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање во врска со обвинувањата од опозицијата дека Владата ништо не презема за справување со аерозагадувањето.