Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески очекува дека ќе се најде решение во интерес на бизнисот за каматата и провизиите за унгарскиот кредит наменет за компаниите на состанокот меѓу Владата и банките што ќе се одржи во недела во Министерството за финансии.
Иако не е поканет на состанокот, како што вели, оптимист е дека ќе се најде решение и апелира тоа да оди во пакет со прашањето за капитализацијата на Македонската банка за поддршка на развојот затоа што таква институција е потребна за бизнисот. Nezavisen
Мислам дека е време да се разреши тоа прашање и дека имаат капацитет и Владата и банките да го разрешат тоа прашање и се надеваме дека тоа ќе биде во интерес на фирмите, бидејќи овие средства се наменети баш за нив, рече Азески во одговор на новинарско прашање по потпишувањето договор за соработка со Транспаренси Интернешнл – Македонија.
На таков начин, додаде, ќе се помогне на стопанството да се преброди периодот до почетокот на следната година, кога имаме сериозна обврска за враќање на обврзницата за која што се резервирани пари и нема да се подјадуваат капиталните инвестиции или други со ребаланс на буџетот, туку ќе се искористат за развој на бизнисот. A1on
Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески очекува дека ќе се најде решение во интерес на бизнисот за каматата и провизиите за унгарскиот кредит наменет за компаниите на состанокот меѓу Владата и банките што ќе се одржи во недела во Министерството за финансии. Nezavisen