Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, во своето гостување во емисијата ,,За или против” на телевизијата Алфа, запрашан за тоа дали ќе биде следен кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи неговото име сѐ почесто се споменува во јавноста, рече дека му е особено драго што граѓаните веруваат во него и дека работата е она што го исполнува. Plusinfo
Честит празник, граду мој!
Денешниот ден е симбол на една борба, на непокор, на храбриот македонски народ кој застанал на вистинската страна на историјата. Kanal5
Славиме еден јубилеј, славиме 80 години од моментот кога нашето Скопје беше ослободено од фашистичкиот окупатор и неговите слуги.
И денес се поклонуваме на најзаслужните, на плејадата борци, на хероите кои го положија својот живот и го славиме и чуваме нивното возвишено дело. Press24