Со однесувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на Комисијата за надзор над Агенцијата за разузнавање и на Агенцијата за национална безбедност јасно е дека власта е свесна дека Бојан Христовски е незаконско поставен за директор на АНБ.
Во Собранието денеска е закажана седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање со единствена точка на дневен ред – Информација за незаконското именување на директор на Агенцијата за национална безбедност поднесена од пратеници од опозициската СДСМ.
Собраниската седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање на која првично беше како единствена точка на дневен ред ставена Информацијата за незаконското именување на директор на АНБ поднесена од пратеници од опозициската СДСМ, по на моменти жестоката процедурална дебата меѓу власта и опозицијата беше прекината без да биде утврден дневниот ред.
Иако директорот на АНБ Бојан Христовски требаше да даде одговори околу неговото назначување на првата седница на собраниската комисија за надзор на АНБ и АР, таа не се одржа.