Кај приходите од данокот на личен доход се очекува раст од 13,1%, кај приходите од данокот на добивка за 10,3 %, а пораст се очекува и кај приходите од ДДВ кои ќе учествуваат со 42,9% во вкупните даночни приходи, додека приходите од акцизи е предвидено да забележат раст од 18,6%. Кај расходите, делот на плати е проектиран на ниво од околу 48,1 милијарди денари и споредено со 2024 година е на повисоко ниво за околу 8 проценти.