Во разговорите биле прецизирани и конкретни области за соработка во наредниот период, како што е користењето на Истражувачкиот центар кој е дел од Уставниот суд на Турција, продолжување на практиката за стручна размена и престој на ниво на судии, студиски престој и учество на Летната школа на стручната служба, како и можностите за поддршка на капацитетите на Уставниот суд на Република Северна Македонија во поглед на дигитализација на Судот, опремување со современи компјутери и друга ИТ опрема. Biznisvesti