Амбасадорот во Романија Андреј Жерновски, демантира дека не ги предал акредитивите за амбасадор во Букурешт, откако вчера на прес-конференција шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, образложувајќи ја одлуката за отповикувањето на седум амбасадори, меѓудругото рече дека Жерновски „формално правно, никогаш не ни станал амбасадор во Букурешт, бидејќи нема предадено акредитивни писма“.
Македонскиот амбасадор во Романија, Андреј Жерновски, реагираше на обвиненијата на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, дека бил поставен „на диво“.