На 16.11.2024 во 08.50 часот во СВР Куманово, Н.Р.(37) од Куманово пријавил дека на 14.11.2024 околу 15.00 часот на свадбена веселба во Куманово, неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка, а потоа и од нејзината мајка и сестра.
Полицијата извести дека вчера во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Тоде Мендол“ во Куманово, возило „пежо“ управувано од Н.А.(49) од с.Романовце, кумановско, удрило во пешакот Б.А.(85) од Куманово.
На 14.11.2024 во 14.30 часот во СВР Куманово, 45-годишен маж пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 200.000 денари.