Имињата на партиските лидери во секојдневната новинарска работа често ги користиме како синоним за партиите, но со оглед на инсистирањето да се направи дистинкција, упатуваме јавно прашање до партијата Левица: кога и кое партиско тело одлучило да се тужат новинарите на Канал 5? За нас, и за целата новинарска заедница претставена преку ставовите на ЗНМ, кривичната тужба е т.н. слап тужба, односно беспредметна и поднесена со една и единствена цел, малтеретирање и тормозење на новинарите, а не барање на правда.