Да почнеме со Тања Ковачев, дежурниот слушач на прислушкувани разговори на доминантниот акционер во СДСМ, Зоран Заев, без ниту еден ден искуство во секторот телекомуникации, поранешен пратеник на СДСМ, на која тоа не ѝ беше доволна компензација, па како претседател на АЕК успева да си ги вдоми: -Својот сопруг Дејан Ковачев во „Аеродроми на Македонија“, каде што е и претседател на Управниот одбор; -Сестрата Катерина Хаџиевска-Јакимовска станува инспектор за игри на среќа во УЈП; -Зетот од сестра на Ковачев, Бобан Јакимовски, е вработен во „Водовод и канализација“ – Скопје; -Сестрата на сопругот на пратеничката, односно золвата на Тања Ковачев, Елеона Фунду, е поставена за претседател на Надзорниот одбор на АД „Аеродромски услуги – Аеродроми на Македонија“. Kanal5