Секторот за внатрешни работи Скопје соопшти дека денеска од 16 часот, поради одржување на меѓународната ноќна атлетска трка „13 Ноември“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен сообараќаен режим, поради што движењето на возилата ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
„Настанот ќе се одвива со следната траса на движење: од Порта ‘Македонија’, преку плоштад ‘Македонија’, по улицата ‘Никола Вапцаров’, десно по улицата ‘Димитрие Чуповски’, до крстосница со улица ‘Даме Груев’, полукружно назад по истата улица, во продолжение по улицата ‘11-ти Октомври’ до крстосница со булевар ‘Кочо Рацин’, полукружно назад по истата улица, десно по улицата ‘Филип Втори Македонски’, лево по пристапната улица на ГТЦ и десно до целта кај Порта “Македонија’“, Од СВР Скопје апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.