Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
9
9.15
16.20
1.93/0.45
9.00
2.92
0.32
801.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 9
9 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 161.9
Best clustering variants
9 0.99/0.01 2 161.9
Netpress

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков која воедно е и заменик главен преговарач за ЕУ, стави акцент на приоритетните области од Реформската агенда, со што би се забрзал процесот на интеграција и унапредување на економијата и ги наведе областите во кои би се спровеле реформите, како и улогата на младите во самиот процес.

Таа посочи дека Владата изминатите пет месеци има направено многу на дипломатски план и како и досега, Македонија останува да биде пред се и над се. „Реформската агенда, тоа е нешто најактуелно во моментот што се зборува, нешто за кое што навистина упорно и напорно работеше Министерството за европски прашања, а претходно Секретаријат за европски прашања и морам да кажам дека нашата Реформска агенда е една од најдобрите, односно најдобра во регионот со што и не пофалија од Европската комисија дека добро сме ја сработиле. Netpress