На шестиот редовен конгрес, кој денеска се одржа во Скопје, со едногласна поддршка од делегатите на партијата Енес Ибрахим беше реизбран за претседател на Партијата за движење на Турците (ТХП). Како што соопштија од партијата, на конгресот присуствуваа бројни високи политички претставници од земјата, како и од Република Турција и соседните држави.