Со цел изразување на своето незадоволство од нефункционирањето на јавниот сообраќаен превоз, Општина Шуто Оризари ги подржува своите граѓани во организација на голем сенароден протест на граѓаните на Општина Шуто Шризари пред Градот Скопје и ги повикува сите граѓани на Скопје да се приклучат, соопштија денеска од Општината.
Очекуваме преку протестот да пренесеме пораката до градоначалничката на градот Скопје и до ЈСП дека граѓаните на општина Шуто Оризари и воопшто граѓаните на градот Скопје треба да добиваат услуги за кои плаќаат и дека нефункционирањето на јавниот превоз веќе втора година не само што влијае на влошување на економската состојба на граѓаните кои треба да користат приватен превоз туку влијае и на губење на нивните работни места поради нередовост на работа, отсуство од часови на ученици и непосета на лекари од страна на постарите и болните лица, се вели во повикот. Republika
Градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, за во петок (22 ноември) најави протест пред зградата на Град Скопје од 13.30 часот. Plusinfo