Како што објави Државниот завод за статистика(ДЗС), за 3,2 проценти е намален бројот на работниците во индустријата во октомври годинава во однос на октомври лани.
За 3,2 проценти е намален бројот на работниците во индустријата во октомври годинава во однос на октомври лани, а бележи раст од 0,6 проценти во периодот јануари-октомври годинава споредено со истиот период од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври годинава во однос на октомври минатата година, бележи пораст од 4,6 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,1 процент, а опаѓање во секторот Преработувачка индустрија за 3,9 проценти.