Законите за градба и за урбанистичко планирање треба да претрпат темелни реформи, бидејќи не го пратат чекорот со времето, оцени денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Kanal5
Сметам дека јавноста треба да ги следи измените онака како што се напишани, а не онака како што некој ќе ги толкува, затоа што времето покажува дека или се прави тоа од незнаење или од други агенди кои не се поврзани со добробит на граѓаните, рече Николоски во одговор на новинарско прашање на денешниот настан со кој ССК одбележува 20 години од постоењето.
Посочи дека одредени структури во јавноста реагираат за се што е поврзано со законите за градење и за урбанистичко планирање без претходно да прочитаат за што станува збор. Republika