Имаме потврда од неколку банки, очекувам најголем дел од банките да застанат позади овој проект, односно овие 250 милиони евра конечно од понеделник да бидат поделени до оние на кои им е потребно, односно македонското стопанство.
Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит за компаниите, откри денеска премиерот Христијан Мицкоски.