Кај кандидатот Кирил Јовановски наместо 54,54 бода треба да биде 69,54 бода, поради техничката грешка при собирањето, рече Димовска.
По ваквата одлука на Советот, ранг листата на кандидатите за избор на тројца судии од Апелациониот суд Битола за граѓанска област се менува на начин што судијата Ристо Сотиров останува на првото место со 71,9 бодови, Дејан Крастанов останува на второто место со 69,59 бодови, додека по поднесена жалба на третото место е Кирил Јовановски со 69,54 бодови. Nezavisen