Во Собранието денеска ќе има примопредавања на безбедносни рентген скенери од Бундестагот за законодавниот дом.
Како што информираат од собраниската прес-служба, примопредавањето е цел на средбата на претседателот Африм Гаши и генералната секретарка Марина Димовска со експерти од германскиот Бундестаг и со претставници на НДИ, како и со амбасадорките на Германија и на Швајцарија, Петра Дрекслер и Вероник Улман. Libertas
Генералната секретарка Димовска изрази благодарност до сите стратешки партнери во овој процес, за несебичната поддршка на службите во двата Парламента за да се реализира сето ова денес, како и до Швајцарската амбасада и НДИ за сиот вложен труд во Собранието.
Присутните беа сложни дека заедничката соработка ќе продолжи и во иднина, сѐ со цел издигнување на законодавниот дом на граѓаните на едно завидно ниво. Mk