Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека Владата на Република Македонија, со цел заштита на животот и здравјето на граѓаните и намалување на емисиите на загадувачки супстанции при алармантно загадување на воздухот, усвои Акциски план со краткорочни мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции, согласно кој донесе Наредба за воведување на мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции при надминување на праг на информирање.
Во рамките на оваа Наредба, се воведуваат следниве мерки: Зајакнати контроли на возилата: Министерството за внатрешни работи – Сообраќајна полиција ќе спроведе засилени и вонредни контроли на возилата со цел утврдување на техничката исправност на возилата за емисијата на испусните гасови. Republika
Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека Владата на Република Северна Македонија, со цел заштита на животот и здравјето на граѓаните и намалување на емисиите на загадувачки супстанции при алармантно загадување на воздухот, усвои Акциски план со краткорочни мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции, согласно кој донесе Наредба за воведување на мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции при надминување на праг на информирање. Mk
Општините и Град Скопје, во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе обезбедат посебни сообраќајни режими за тешките товарни возила, насочувајќи ги кон обиколни патишта со цел да се намали сообраќајот во урбаните средини.
Забрана за дотур на стока и транспорт на градежни машини: Општините и Градот Скопје ќе воведат забрана за дотур на стока и транспорт на градежни машини како што се багери, булдожери и виљушкари во периодот од 7:30 до 18:00 часот. Denesen
Се препорачуваат вонредни контроли на инсталациите со А интегрирана еколошка дозвола.
Државниот инспекторат за животна средина ќе започне со вршење на вонредни контроли на инсталациите со А интегрирана еколошка дозвола. Press24
Оваа мерка е со цел да се намали сообраќајниот метеж и емисиите во најфреквентните часови.
Министерството за внатрешни работи е задолжено да изврши контрола на спроведувањето на оваа мерка, се вели во соопштението. Denesen
Вонредни контроли на правните субјекти со Б интегрирана еколошка дозвола и елаборати: Државниот инспекторат за животна средина и овластените инспектори за животна средина се задолжени да започнат со вршење на вонредни контроли на правните субјекти кои поседуваат Б интегрирана еколошка дозвола и елаборати, со цел да се осигура усогласеноста со еколошките стандарди.
Вонредни контроли на градилишта: Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и надлежните општински инспекторати ќе започнат со вршење на вонредни контроли на градилишта, со цел да се утврди почитувањето на прописите за заштита на животната средина и намалување на емисиите на прашина и други загадувачи. Republika
Заедничката акција е неопходна за заштита на здравјето на граѓаните и за подобрување на квалитетот на воздухот во нашата земја.
Министерството ќе продолжи со активно следење на состојбата со квалитетот на воздухот и ќе ги информира граѓаните за понатамошните мерки и активности. Republika
Донесена е Наредба за воведување мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции при надминување на праг на информирање, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Во рамки на оваа Наредба, се воведуваат повеќе мерки кои ќе се применуваат во случаи на надминување на праговите на алармирање дефинирани во Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанци во амбиентинот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели. Denesen
Министерството за животна средина апелира до сите надлежни институции, органи, правни субјекти и граѓани за целосно почитување и имплементација на наведените мерки.
Заедничката акција е неопходна за заштита на здравјето на граѓаните и за подобрување на квалитетот на воздухот во нашата земја. Republika