Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска го прими постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григоријан, соопштија од Министерството.
На средбата министерот Муцунски ја потврдил посветеноста на Владата на Република Северна Македонија како партнер на Обединетите нации, истакнувајќи дека напорите се насочени кон целосно исполнување на Целите за одржлив развој и реализација на Агендата 2030. Biznisvesti