Секогаш додека јас ја водам Владата исклучиво ќе се водам од интересите на мојата татковина Македонија и македонските национални интереси и ќе го поддржам секој оној што е во таа насока и во таа линија, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање поставено од пратеникот Реџеп Исмаил, поврзано со поддршката на премиерот, Радмила Шекеринска да биде избрана за заменик генерален секретар на НАТО. Biznisvesti
Но, секогаш кога станува збор за македонски национален интерес подготвен сум да поддржам секого.
Во изборот меѓу Радмила Шекеринска и останати четири други кандидатки, логично е како премиер на Владата на цела Македонија, не само на лево, десно, центар, Македонци, Албанци, Турци…на сите, да донесам одлука за која што заедно со луѓето кои се во соодветните ресори ќе покажеме дека тоа што го зборуваме и кога повикуваме на национално единство, тоа и да го практикуваме. Republika