Според Оливера Трајковска, директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, овој споменик говори што значи да се биде едно, бидејќи на едно место почиваат темелите на една света црква и на една света џамија и тука не постои поделба.
Јени џамија и црквата „Св. Ѓорги“ од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство. Republika
По прогласувањето на независноста на Македонија а особено по поднесувањето на законот за денационилизација во 1998 година од Собранието на Република Македонија, Исламската верска заедница лоследно и континуирано бара враќање на Јени иамијата и нејзино користење од страна на муслиманските верници на Битола, како место за богослужба.
Реагираше и Салих Мурат пратеник од Европскиот фронт: „Остро ја осудувам одлуката за претворање на Новата џамија во Битола во таканаречен ‘Музеј на христијанско и исламско културно наследство’. Според него тоа била незаконска и еднострана одлука која го нарушува уставниот поредок и принципите на верска слобода… Тој најави дека ова „прашање“ ќе го постави на дневен ред во Собранието. Libertas