За тоа во голема мера придонесува навремената заштита, посебно, како што споменав, навреме вакцина треба да примат ризичните групи население, како што се: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица“, Андовски објасни дека граѓаните кои успешно се пријавиле за вакцинација, но, заради некоја причина, не добиле СМС порака и не дошле на закажаниот термин, треба веднаш да се обратат кај својот матичен лекар каде ќе добијат инфо за пунктот за вакцинација и времето кога да дојдат да се вакцинираат.