По денешната собраниска седница на која за малку беше избегната физичка пресметка помеѓу пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ попладнево со реакција и обвинувања се јавија нивните партиски колеги кои изнесоа различни видувања на инцидентот.
На собраниска седница денеска за влакно беше избегната тепечка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, и дел од пратеницита на ВМРО-ДПМНЕ.
Најпрво како човек, а потоа како пратеник и координатор на пратеничка група во Собранието, сакам да изразам огромна згрозеност од денешното недолично, безобразно и срамно однесување во Собранието, на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, напиша на неговиот фејсбук профил Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ.
Тензии, пцовки и физички напад донесе денешната седница во Собранието на седницата за пратенички прашања.