Приватните превозници Јофи Бус, Вестор Транс, Радос Компани денеска најавија прес-конференција на која ќе го изнесат нивното мислење за состојбата со јавниот превоз во Град Скопје, кој два дена беше во колапс.
На синоќешната вонредна владина седница, се одлучи Владата дел од своите резерви да даде на ЈСП Скопје за да може од денеска да има нормализирање на јавниот превоз, после хаосот во изминатите два дена.