Северна Македонија, која сега треба да ги исполни капацитетните цели што произлегуваат од нејзината обврска во НАТО, може да се потпре на своите односи со Франција и нејзината воена експертиза за модернизација на својата Армија, особено во рамки на Договорот за соработка во одбраната, потпишан на 14 октомври 2022 година.
Франција ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија и е подготвена да ја обезбеди сета своја помош за надминување на сегашните блокади.