Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград изјави дека целта на Владата е да го зголеми производството и извозот на вино, истакнувајќи дека винарството е стратешки важен сектор за економијата во државата. Denesen
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград изјави дека целта на Владата е да го зголеми производството и извозот на вино, истакнувајќи дека винарството е стратешки важен сектор за економијата во државата.
Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена, при што Македонија е на 22 место во светот по производство на вино и на 29-то место по извоз. A1on
“ „Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“.
Исто така на оваа манифестација за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Kanal5
„Винска визија на Отворен Балкан“ оваа година се одржува од 22 до 24 ноември на Белградскиот саем.
На третиот Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ има 650 изложувачи од 38 земји. Denesen