До почеток на летната сезона ќе пуштиме за сообраќај околу 40 километри од автопатот Кичево – Охрид на потегот од Врбјани до Охрид, а до крај на 2026 година како што ветивме ќе го изградиме целиот автопат, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски и градоначланикот на Охрид, Кирил Пецаков извршија увид во зимско асфалтирање на автопатот во непосредна близина на Охрид.
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, утре во 12:30 часот ќе извршат увид во изградба на автопат Охрид-Кичево.